Министерот Адеми се сретна со државниот секретар на финското МНР Мати Антонен
Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска се сретна со државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Финска, Мати Антонен и со финскиот амбасадор во Македонија, Перти Иконен.
На средбата, како што соопшти Министерството за образование и наука, министерот Адеми ги потенцираше и плановите за реформирање на основното образование.
- Претставникот на финското Министерство за образование изрази поддршка за активностите, нагласувајќи дека Република Македонија со чекорите кои ги презема се наоѓа на добар пат кон градењето на квалитетен образовен систем во кој се интегрираат современите европски образовни вредности, се вели во соопштението од МОН.
На средбата била потенцирана досегашната соработка на Република Македонија и Финска во областа на образованието.
Министерот Адеми информирал за тековните активности и реформите кои ги имплементира Министерството за образование и наука, додека од претставниците од Финска бил презентиран тамошниот образовен систем, кој е еден од најдобрите образовни модели во светот.
Ново на Сител
-
Флик: Барселона одигра одличен натпревар, но прими четири гола и тоа е премногу
-
Дончиќ со трипл-дабл ги предводеше Лејкерси да победа над својот поранешен клуб
-
Делови од Кисела Вода и Волково без струја
-
Трамп: Зеленски в петок доаѓа во Белата куќа на потпишување на договорот за минерали
-
Дваесет и една година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски
-
Со изведување на докази на одбраната продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Уставниот суд ќе одлучува за Изборниот законик, на дневен ред и осум други иницијативи
-
Додик во пресрет на пресудата повика на дијалог