Министерката за култура ќе иницира нова средба со градоначалничката на Скопје за Универзалната сала
– Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска апелира да се реши статусот на Универзалната сала во Скопје и најави дека по празниците ќе иницира нова средба со скопската градоначалничка Данела Арсовска.
На денешната прес-конференција во Владата, министерката Костадиновска-Стојчевска истакна дека до денес немаат добиено информација од Градот Скопје до каде се активностите околу Универзалната сала.
– Морам да апелирам и да напомнам дека Градот Скопје е влезен во најтесниот круг за Европски град на културата во 2028 година. Бидејќи Универзалната сала се јавува како апликант на тој конкурс, апелирам и ќе иницирам нов состанок со градоначалничката Данела Арсовска, затоа што мораме заедно (Град Скопје и Министерството за култура) да работиме на таа програма која е од национален интерес, рече Костадиновска-Стојчевска, одговарајќи на новинарско прашање.
Министерката нагласи дека Владата е подготвена со сите свои ресурси да ја реализира оваа апликација, бидејќи се работи за прашање од национален интерес.
Ново на Сител
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд