Министерката Ташевска - Ременски во посета на Домот за доенчиња во Битола

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски денескa во Битола ги посети Домот за доенчиња и мали деца, Дневниот центар за лица со посебни потреби и Центарот за социјални работи.
Посетата се реализира во рамки на редовните активности на министерката, а во Домот за доенчиња и мали деца таа се интересирала посебно за здравствената грижа на дечињата кај кои во текот на месец јули, ноември и декември минатата година било дијагностицирано кожно заболување.
Министерката посетата на Домот за доенчиња и мали деца го искористи и да ги демантира како што кажа, тенденциозните написи на одредени медиуми коишто имале за цел да ја сокријат одговорноста на разрешената директорка за непријавување на состојбите во Домот.
Како што информираше министерката Ташевска-Ременски, в.д. директорката на Домот за доенчиња по преземањето на функцијата информираше за сите состојби во Домот и се погрижи да обезбеди засилени мерки за надзор и засилена здравствена грижа за дечињата кај кои била констатирана кожна болест и тие се чувствуваат добро.
- Во Домот за доенчиња и мали деца се вршат засилени мерки за надзор и засилена здравствена грижа за дечињата кај кои била констатирана кожна болест и тие се чувствуваат подобро. Дополнително, во вонредниот инспекциски надзор од 11 февруари констатирани се три деца кои имаат кожна болест, но таа не соодветствува на болеста на претходните шест дечиња заразени минатата година. Но и тие исто така се со соодветна медицинска грижа. Во минатата година во јули, ноември и декември кај 6 деца била дијагностицирана кожна болест „скабиес“ и тие се на прагот на излекување, додека кај 3 деца имало алергиски реакции, појасни Ременски на прес-конференцијата во Домот за доенчиња и мали деца.
Таа апелираше медиумите одговорно, објективно и совесно да ги пренесуваат сите информации поврзани со работата на јавните установи, потенцирајќи притоа акцентирајќи дека, како што рече, тенденциозното ширење дезинформации најголема штета им нанесува на дечињата коишто чекаат да бидат згрижени и посвоени и на совесниот персонал којшто посветено се грижи за дечињата во Домот за доенчиња и мали деца.
За време на денешниот престој во Битола, министерката Ременски најави продолжување на постапката за реновирање на објекти кои се во надлежност на Министерството. Наскоро се очекува со ова да биде опфатен Дневниот центар за стари лица во населбата „Буковски ливади“.
Ново на Сител
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
