Министерката Мизрахи посети две згрижувачки семејства во Крушево
Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, во Крушево ги посети семејствата Теља и Христовски кои се згрижувачки семејства на деца и лица со посебни потреби. На средбата со згрижувачките семејства министерката се запозна со сите предизвици и проблеми со кои се соочуваат овие семејства грижејќи се за лицата кои имаат потреба од поголемо внимание, грижа и љубов, информира денеска Министерството за труд и социјална политика.
Семејствата ја информирале министерката дека децата се големо богатство за нив и дека тие се грижат како вистински родители на овие деца, а особено за нивното здравје, воспитување, образование и оспособување на самостоен живот и работа.
Семејството Теља е згрижувачко семејство кое се грижи за две лица, мало дете од 8 години и лице од 40 години со посебни потреби, додека Семејството Христовски се грижи за деца од 18 и 12 години.
-Навистина сум среќна кога ќе видам и запознам хумани луѓе кои својата несебична љубов им ја пренесуваат децата, посебно на деца кои имаат поголема потреба од љубов и грижа. Тие прават големи дела и сум убедена дека овие деца ја добиваат вистинската нега и љубов која им е потребна, вели министерката Мизрахи.
Министерството за труд и социјална политика, како што се вели во соопштението, ќе продолжи и во иднина во рамките на своите законски надлежноси, да презема активности за подобрување на положбата на овие деца и подигне нивото на заштита на начин што овие деца и лица се ставаат под старателство, се сместуваат во мали групни домови, згрижувачки семејства или се определува друг облик на заштита, во зависност од возраста на лицата, неговите потреби и интереси и можностите на државата.
Ново на Сител
-
Со највисоки државни почести во Вашингтон почна погребот на Џими Картер
-
МНРиНТ: Изјавата на Костадинов е недолична, очекуваме да биде отфрлена од официјална Софија
-
Почина еден од тешко ранетите во масакрот во Цетиње
-
МЖСПП: Институциите се мобилизираат и координираат согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“
-
Трамп за пожарите го обвини гувернерот на Калифорнија и го повика да поднесе оставка
-
Јаневска за дискриминацијата на ученикот од Миравци: Ќе се работи повеќе на почитување на личните права и на различностите
-
Општините од утре можат да аплицираат за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво
-
Образованието и науката во 2025 година со рекорден буџет од 38 милијарди денари, најави министерката Јаневска