Македонија
3. October 2020 - 16:36

Мини-концертот на Владо Георгиев во скопски бар донесе кривична пријава за непочитување на мерките

Ќе има ли нова журка со Владо Георгиев вечерва во Мош? Портата на ексклузивниот бар во центарот на Скопје денеска беше затворена, внатре вработените расчистуваа по синоќешната забава со српскиот пејач. Видеото од синоќешниот настан покажува дека имало многу луѓе, немало дистанца, не се носеле маски. Во барот се одржал концертот иако уште минатата недела била изречена забрана за работа и била поднесена кривична пријава.

На Фејсбук страницата на Мош се уште стои најавата за вечерашниот распродаден концерт. Стои и препораката за почитување на мерките за заштита од корона вирусот. Во претходниот период на истово место концерт имал и Сергеј Четковиќ.

Директорот на Пазарниот инспектар Стојко Пауновски за Сител вели дека скопскиот бар Мош не е единствен што ги крши задрвствените протоколи и не постапува по решенијата за затворање. Дел од угостителите продолжуваат со работа и покрај изречените казни. Од стотината тужби што ги поднеле инспекторите досега, судот потврдил 24 казни од 5000 евра, но тоа не значело крај на работата на локалите.

Пазарна продолжува со контроли низ цела Македонија. Се контролира дали се прават свадби и други веселби и покрај забраната. Инспекции отсега нема да има само навечер туку и преку ден.