Милошоски за Сител: Кирил Пецаков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во гостување на Тема на денот на Сител Телевизија најави дека до крајот на овој месец очекува да имаат кандидати за 45 општини за локалните избори и преостанатиот дел да го финишираат во август.
- Она што можам за гледачите на Сител Телевизија да го истакнам е дека нашиот фаворит за Општина Охрид ќе биде актуелниот пратеник Кирил Пецаков кој што претходно бил и советник во Општината Охрид, добро им е познат на граѓаните, ја исполнува својата должност, познат е и во лекарската фела како стоматолог, и меѓу спортистите како ракометар и сметаме дека може на Охрид да му го врати сјајот кој што во овие неколку години наназад Охрид го изгуби, па дури се најде и на црвената ризична листа на УНЕСКО, рече Милошоски.
Милошоски дополни и дека гледаат предност на Кирил Пецаков против актуелниот градоначалник на Охрид кој е повторно кандидат затоа што градоначалникот на Охрид не е ист за сите охриѓани. За некои охриѓани руши дивоградби, а за некои што се финансиски посилни не. Со тој селективен однос ја губи довербата кај граѓаните.
Ново на Сител
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани