Милошоски: Во следните три недели државата сите ресурси да ги насочи кон справување со ковид-19, па потоа да се зборува за датум за избори
ВМРО-ДПМНЕ како партија и организација е секогаш спремна за избори, но во овој момент, следните две три недели најдобро е цела држава да ги стави сите ресурси на располагање, да ја сузбиеме пандемијата и да го намалиме бројот на заразени и починати, а по однос на одредување на датумот навистина е непристојно и дегутантно во момент кога имаме најголем број заразени во регионот да лицитираме со датуми, изјави денеска Антонијо Милошоски, од ВМРО-ДПМНЕ.
Откако ќе се надмине оваа ситуација, опозициската партија, според него, би сакала да продолжи дијалогот со сите останати политички партии врз основа на здравствените параметри.
Милошоски истакна дека загрижувачки е што во Македонија секојдневно има двојно поголема бројка на заразени од Ковид-19 отколку од сите балкански држави заедно.
-Многу се провидни и несериозни изјавите на министерот Филипче и на Заев, кои што сметаат дека оваа пандемија затоа што е непознатица, тие не можат да прогнозираат кога ќе биде ставена под контрола и кажуваат дека денешната состојба може да биде иста и на 5-ти јули, и на 5-ти август и на 5-ти септември. Таквите изјави се несериозни затоа што ние имаме соседни држави во регионот со кои што имаме слични проблеми, сличен менталитет, сличен здравствен систем, а гледаме дека се справуваат подобро, рече партискиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ.
Праша како може во Албанија, Косово, Србија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора пандемијата да биде ставена под контрола, а кај нас бројот на заразени да расте во моменти кога само пред два три месеци министерот за здравство Венко Филипче кажа дека успешно сме се справиле со првиот бран.
Милошоски смета дека бројката на заразени само е одраз на слабата организација во борбата против пандемијата и затоа апелираше доктор Жарко Караџовски да биде тргнат од позицијата претседател на телото за координација на борба против пандемијата и таму да биде ставен стручен лекар.
Ново на Сител
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно
-
„Тинекс“ - 30 години успешно работење и постојана инвестиција во развој и иновации
-
Уапсени две лица на натпреварот Франција – Израел