Милошоски: Седум коалициски партнери на СДСМ преминуваат во коалиција на ВМРО-ДПМНЕ
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде проширена со седум политички партии кои до вчера биле во коалиција со СДСМ, рече вечерва Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на ТВ Сител.
За два - три дена, посочи Милошоски, очекуваме одлука од уште една политичка партија, што значи би биле вкупно осум политички партии.
-Тоа е сигнал дека коалицијата на СДСМ веќе не е привлечна. И сите овие политички партии кои што доаѓаат, доаѓаат со една заедничка би рекол реченица – разочараност од Владата затоа што сметаа дека државата ја водат во погрешна насока, рече Милошоски.
Прашан кои се партиите, ги наведе Социјалдемократската унија, Обединетата партија за целосна еманципација на Ромите, Македонски концепт, Демократскиот сојуз, Обединети за Македонија, ТМРО и Достоинство.
- Во овој концепт кој што гледаме дека прво постои интерес и нас ни годи тоа што постои интерес за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ, сепак тоа дава сигнал дека овие партии препознаваат на каде се движи политичката тенденција во државата. А, второ заедничкиот именител со овие партии е дека да имало грешки од наша или од нивна страна во минатото, но дека сега е дојдено време за обединување. Обединување за интересот на Македонија да биде една подобра држава во која што и демократијата и економијата, и владеењето на правото, и образованието, здравството ќе бидат на еден подобар и повисок стандард, рече Милошоски.
Ново на Сител
-
Пронајдена дрога на работното место кај полицаец од Охрид
-
Сиљановска-Давкова: Секое дете може да дојде до израз ако му се даде шанса
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја
-
Дебарските пожарникари за три месеци евидентирале 31 интервенција
-
Вардар во Велес излеан на кејот, а во Градсиот парк поплавени дрвјата покрај брегот
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 4 април