Македонија
15. February 2022 - 11:56

Милошоски: СДСМ/ДУИ гласаа против Декларацијата за Гоце Делчев

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика Антонијо Милошоски преку Фејсбук информираше дека пратениците од власта гласале против Декларацијата за Гоце Делчев.

– На денешната Комисија за надворешна политика пратениците од СДСМ/ДУИ гласаа против Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, со што истата не беше усвоена, напиша Милошоски.