Милошоски: Очекувам сите политички партии да ја подржат Резолуцијата и да имаме јасни македонски позиции
Би сакал да ве информирам по однос на предлог Резолуцијата за Евро интеграции и наметнатите билатерални спорови за кои што цениме дека треба да има македонски државни позиции, денеска остваривме средба со пратениците на ЛДП, ДОМ и Демократски сојуз, а утре треба да оствариме средби со пратеничките групи на Алијанса и Алтернатива и ДУИ.
Денешната средба со пратениците на ДОМ, ЛДП и Демократскиот сојуз беше продуктивна и во принцип оценивме дека суштината на оваа Декларација може да биде политички корисна во самата Резолуција, се меѓународни норми и стандарди поврзани со човековите права и правата на секој народ да се самоидентификува и да си ја определува својата култура, историографија, јазична традиција и сл.
Очекуваме оваа Резолуција да помине во македонското Собрание и сметаме дека доколку политичките партии се обединат околу една ваква заедничка Резолуција.
Тоа ќе биде корисно и за Македонија, ќе биде корисно и за македонското општество да нема дополнителни поларизации, а сметаме дека може да биде корисно и во рамките на самата ЕУ да ги претстави на еден праведен и сериозен начин позициите на Македонија како дел од европската култура и македонскиот народ како дел од европските народи.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
-

Можен рестарт на рафинеријата „Окта“
-

Кромберг и Шуберт ќе отворат нов погон во Битола и ќе вработат 2.000 лица
-

„Див запад“: Неповолен извештај на ДЗР за работата на општина Кичево
-

„Шанса за Центар“ бара повлекување на планот за „Барутана“ на Водно
-

За еден ден 25.000 пријави за вакцинација против сезонски грип
