Милошоски: Можна средба за Законот за ЈО утре, вратен предлогот за анкетна комисија СЈО
Нова средба за Законот за јавно обвинителство можно е да има утре, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.
– Очекувавме да има вчера. Спремни бевме и денеска, но гледаме дека власта од можеби објективни или субјективни причини не брза. Ни беше најавено дека можно е да имаме средба утре. Доколку се расположени и спремни, ние немаме никаков проблем да ја одржиме, изјави Милошоски.
Во однос на нивните очекувања од евентуалната средба, Милошоски рече дека очекуваат СДСМ да го прифати тоа што веќе начелно го прифатиле како концепт на 30 август годинава.
– Очекуваме СДСМ понатаму да не го пролонгира и купува време, да не го одолговлекува донесувањето на овој важен закон, изјави Милошоски.
За црвените линии при изборот на обвинител, посочи дека треба да биде некој стручен, чесен, со личен интегритет, повисок просек на факултет и да може да ја добие довербата на јавноста и политичките чинители во неговата работа.
На денешната прес-конференција Милошоски информира дека вчера, добиле допис со неосновани технички образложенија од страна на господинот Талат Џафери со што предлог одлуката за анкетната комисија за увид во работата на СЈО се враќа на подносителите.
– Нема ниту еден деловнички, пропуштен, суштински дел од предлог одлуката кој што може да се смета за сериозен недостаток. Напротив, предлог одлуката за формирање на анкетна комисија по содржина и структура е иста со предлог одлуката за анкетна комисија која што господинот Талат Џафери во претходниот состав ја поднесе за формирање анкетна комисија за прислушкувањето. Нема никаква разлика, изјави Милошоски.
Нагласи дека од собраниските служби имаат информација дека самиот ракопис на овој предлог за враќање на одлуката за формирање на анкетна комисија е не е на на Талат Џафери.
– Ова е ракописот на Цветанка Иванова, Генерален секретар на Собранието или на некој близок советник на СДСМ кој што Талат Џафери морал да го послуша и да го потпише и да го врати предлогот за формирање на анкетна комисија затоа што очигледно и Талат Џафери е седнат во скутот на владејачката партија, истакна Милошоски.
Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од намерата и ќе ги искористи сите можни деловнички процедури, темата анкетна комисија за СЈО и увидот и дискусија за работата на незаконско, нестручно и несовесно работење и постапување на СЈО да дојде на дневен ред на собраниската седница, порано или покасно.
– Затоа цениме дека господинот Талат Џафери, Цветанка Иванова и СДСМ во Собранието треба да размислат да не го штитат веќе механизмот кој што може на сите нас да ни помогне, темата незаконско работење на СЈО да ја истражиме и да ја дадеме на увид на сите граѓани затоа што 15 милиони евра од граѓаните на Република Македонија плус донации од Шведска, Холандија и Америка се потрошени за работата на СЈО, а голем дел од нив сметаме дека се потрошени незаконски, изјави Милошоски.
Ново на Сител
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер
-
Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај