-->
-->
Милошоски: Изјавата на Хан е најдобар дипломатски и политички демант на изјавата дадена од премиерот Зaев за безусловен датум за преговори
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2019/april/milooski465453-215736.png?itok=GsDh7EVD)
– Морам да констатирам дека изјавата на Хан е најдобар дипломатски политички демант на изјавата дадена од премиерот Заев во Јуни 21018 година кога се сликаше во авион со колегите на Мухамед, Бујар Османи, Никола Димитров и Кочо Анѓушев изјавувајќи дека штотуку ја добивме радосната вест- Македонија може да прославува ,добивме историска одлука, безусловен датум за преговори во Јуни 2019 година.
Милошоски истакна дека очигледно е дека датумот го нема и тоа потврдува дека или премиерот Заев лажел дека сме добиле датум за преговори а тоа не се случило или Хан лаже дека не добиваме датум но некаде е сокриен и се очекува.
Понатаму, Милошоски истакна дека она што тој го знаел од контакти со дипломати е дека во следниве денови 8,9 Април Министерот за надворешни работи ќе патува за Берлин токму за да ја расчисти таа дилема дали Македонија ќе добие датум за преговори после оваа изјава на Хан која што според Милошоски е примена со негативно изненадување од некои кругови на Владата што очекувале безусловен датум за преговори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тери го критикуваше Би-Би-Си за навредливиот прекар кон Роналдо
-
ЕВРО2024: Франција четвртфиналист
-
Кошта прв голман кој не примил гол во пенал-серија на ЕП
-
Г.г Стефан упати честитка до новоизбраниот бугарски патријарх Даниил
-
Пожари на Крит, Кос и Хиос
-
ЕУ ги враќа квотите и давачките за увоз на шеќер и јајца од Украина
-
Деспотовски поднесе оставка од функцијата директор на ТИРЗ
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб | ВИДЕО