Балкан
15. January 2016 - 14:53

Милошевиќ го пцуе и навредува Изетбеговиќ: Се појави таен разговор меѓу Караџиќ и Милошевиќ

На Јутуб се појави видео од таен разговор на поранешниот српски претседател, Слободан Милошевиќ и лидерот на Србите во БИХ Радован Караџиќ по крвавата граѓанска војна, во кој тие разговараат за Али Изетбеговиќ користејќи многу пцости.
 
Разговорот на Слободан Милошевиќ и Радован Караџиќ е од септември 1991 година, во кој поранешниот српски претседател вели дека "Али Изетбеговиќ може да се носи во п***у матер"!
 
- А у п***у матер, ако тој нејке да пристапи, нека се носи во п***у матер - рекол Милошевиќ.
 
- Е тоа сакам да го слушнам. Сега сме на иста линија - одговорил Радован Караџиќ.
 
- Те молам ние сега одиме, веќе на никого никакво попуштање. Ако сака да се пресмета тука сме. Нека оди во п***у матер, кој и да сака да се пресмета тука сме - рекол Милошевиќ и со тие зборови го завршил разговорот со лидерот на босанските Срби.