Милков не дојде во бугарското Собрание, дебатата за односите со Македонија одложена
Бугарските пратеници денеска нема да дебатираат за односите со Северна Македонија затоа што министерот за надворешни работи Николај Милков не дојде во Народното собрание поради други обврски.
Расправата за Северна Македонија и, како што беше најавено, последниот физичкиот напад врз бугарски државјанин во Охрид, е тргната од дневниот ред на денешната собраниска седница.
Потпретседателот на бугарскиот парламент Росен Жељазков на почетокот на седницата соопшти дека добиле допис од МНР дека поради службено патување на Николај Милков надвор од државата, дебатата мора да биде одложена.
Предлогот за ставање на оваа точка на дневниот ред на денешната седница беше на барање на партијата Преродба и на собранискатра комисија за политики за Бугарите во странство.
Ново на Сител
-
Дали бугарските здруженија ќе ги променат имињата? Законскиот рок истекува следната недела
-
Угостителите од Прилеп останаа без работници, за добра заработувачка сите одат во Хрватска
-
Тема на денот со професорите Марковски и Думова од Градежниот факултет
-
Ново одложување на судскиот процес за „Ласкарци“
-
Расте бројот на жртви во Турција, но и на спасени од под урнатините
-
Учениците од Македонија се на безбедно, Македонија ја демонстрира хуманоста на дело
-
Фудбалерот Станковски во последен момент се спасил од разорниот земјотрес во Газиантеп
-
Доктор Кераметин Шар сведочи за организираноста на здравствениот систем и доброволците во Турција