Милионска кражба во Тетово

На 19/20.09.2017 година од 19:30 до 00:10 часот во Тетово на ул.„Маршал Тито“, од патничко возило „Фолксваген Туран“ со швајцарски регистарски ознаки сопственост Б.К.(41) кое било паркирано на таа улица, непознат сторител извршил тешка кражба и се стекнал со имотна корист од околу 1 600 000 денари. Имено, сторителот со тврд предмет го скршил стаклото на предната десна врата и од возилото одзел една чанта во која имало 25.000 евра, еден паричник во кој имало 1.700 швајцарски франци, мобилен телефон „Самсунг Ноте 2“, како и документи (пасош и швајцарски лична карта и возачка дозвола) и платежни картички од две банки на име на оштетениот.Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и се превземаат мерки и активности за расветлување на случајот.
Ново на Сител
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
-

Екс министерот за земјоделство бил на распит во полициска станица
-

Газдата на „Пулс“ ги принудувал вработените да кријат неправилности од инспекциите и да глумат гости
-

Прободеното дете во училиште во Ченто е стабилно, но се уште е на респиратор-министерката бара измени на Законот за образование
