-->
-->
Mилион евра од Србија за Нотр Дам
-->
Српската влада донираше милион евра за реконструкција на Нотр Дам, по пожарот што ја зафати катедралата во Париз. Владата на Србија денеска изјави дека овој потег го потврдува вечното пријателство со францускиот народ.
Оваа одлука го потврдува старото пријателство со францускиот народ и ја изразуваме желбата симболот на француската и светската цивилизација што побргу да се реконструира и повторно да се отвори овој храм на културата и уметноста за сите ваши посетители”, стои во соопштението од српската влада.
Во пожар што избувна во ноќта на 15 април, беше уништена една кула од Париската катедрала, покривот и ентериерот.
Францускиот претседател Емануел Macron рече дека реконструкцијата може да трае пет години, а експертите проценуваат дека реставрацијата на Богородичната црква може да одземе 15 години.
Причината за пожарот не е утврден, но се верува дека има врски со обемна работа за реставрирање на катедралата, кои беа во тек.
Бројни милијардери и приватни донатори ветија стотици милиони евра за реновирање на катедралата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори