Балкан
29. јуни 2017 - 13:35

„Милиет": Турција ги заврши подготовките за операција во северна Сирија

Турските вооружени сили ги завршија подготовките за копнена операција во градот Африн во северна Сирија, кој е под контрола од групата на сириските Курди, Сили за заштита на народот, објави турскиот весник „Милиет".

Повикувајќи се на турски извори, ТАСС јави дека во последниве две години силите на сириските Курди дури 17 пати отвориле оган врз турски војници.

Анкара повеќепати разговараше со официјална Москва за оваа операција, при што е договорено пред почетокот на борбените дејствија бна турските сили во северна Сирија, Русија ќе ги повлече своите војници од тој регион.

Според руски дипломатски извори, по воената акција, Африн ќе добие статус на „зона за деескалација“, а безбедноста во тој реон ќе биде гарантирана од страна на Турција и Русија.