Милановиќ: Србија мора да објасни што се случи на Косово
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека Србија „мора да го објасни“ вооружениот напад на северот на Косово.
„Ова не се некои возбудени момци, тие се вооружени и обучени“, им рече Милановиќ на новинарите во Лудберг на прашањето за ситуацијата во Косово.
На прашањето за можните санкции против Србија, кои вчера во Загреб ги побараа премиерите на Албанија и Хрватска, Еди Рама и Андреј Пленковиќ, Милановиќ рече дека не му се допаѓаат санкции кои не се прогласени од Европскиот совет, кој е задолжен за безбедноста, бидејќи тие се „претвораат во терор“., објави регионалната телевизија N1.
Пленковиќ и Рама вчера го осудија убиството на косовски полицаец во селото Бањска, го оценија како неприфатливо тоа што властите во Белград прогласија ден на жалост поради смртта на напаѓачот и побараа мерки на ЕУ против Србија.
Хрватскиот премиер рече дека мерки може да бидат донесени на ниво на Европскиот совет, но и „автономно“, на ниво на Европската комисија, како што тоа неодамна беше направено против Косово.
Ново на Сител
-
Приведен 23-годишник од Велес кој нападна девојче и полициски службеници, предложен притвор
-
Божиновска на МЕФ 2025: Современ и иновативен енергетски модел е визијата на Македонија
-
Се работи првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид да бидат пуштени до 10 јули, вели Мицкоски
-
Мицкоски: Тоа што го зборува Софија има можност да го докаже со повлекување на амандманите во ЕП и да прифати средба на самиотот на НАТО во Хаг
-
Мицкоски очекува годинава да почне изградбата на брзата пруга која е дел од Коридорот 10
-
Мицкоски најавува многу скоро решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи
-
Средба Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста
-
Населба Влае без вода за пиење