Милановиќ: Србија мора да објасни што се случи на Косово
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека Србија „мора да го објасни“ вооружениот напад на северот на Косово.
„Ова не се некои возбудени момци, тие се вооружени и обучени“, им рече Милановиќ на новинарите во Лудберг на прашањето за ситуацијата во Косово.
На прашањето за можните санкции против Србија, кои вчера во Загреб ги побараа премиерите на Албанија и Хрватска, Еди Рама и Андреј Пленковиќ, Милановиќ рече дека не му се допаѓаат санкции кои не се прогласени од Европскиот совет, кој е задолжен за безбедноста, бидејќи тие се „претвораат во терор“., објави регионалната телевизија N1.
Пленковиќ и Рама вчера го осудија убиството на косовски полицаец во селото Бањска, го оценија како неприфатливо тоа што властите во Белград прогласија ден на жалост поради смртта на напаѓачот и побараа мерки на ЕУ против Србија.
Хрватскиот премиер рече дека мерки може да бидат донесени на ниво на Европскиот совет, но и „автономно“, на ниво на Европската комисија, како што тоа неодамна беше направено против Косово.
Ново на Сител
-
УЈП: Закуподавачите да го пријават приходот остварен од издавање имот
-
Триесетдневен притвор за терористичката група од Струга и Гостивар која планирала терористички напади
-
Државна лотарија со караван ја носи новогодишната магија во Скопје
-
Уапсени 7 лица членови на групите Дуќанџик и Арачиново, пронајдени пари, оружје...
-
Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Полицијата влезе во домот на Артан Груби
-
ДУИ: „Второто полувреме“ може да заврши со тежок автогол, приберете ги вашите министри и претставници
-
ЕУ засега не ја санкционира Грузија поради репресии