Македонија
27. November 2020 - 14:19

Миланов: Ако премиерот каже дека организатори не се Ристовски, Јанакиески и Вељаноски, обвинението треба да биде повлечено

Ако првиот човек на државата во изминатите четири години како премиер, со пристап до сите безбедносни информации, каже дека организатори за настаните од 27 април сигурно не се Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Трајко Вељаноски мислам дека е сосема релевантна информација која може да се земе предвид и треба ова обвинение во таа насока и да оди, односно истото да биде повлечено, изјави по денешното рочиште за организаторите на настаните во Собранието на 27 април, адвокатот Еленко Миланов.

Прашан дали го изненадил ваквиот исказ на премиерот Зоран Заев, Миланов, рече дека иако е сведок на одбраната, немаат пристап и можност за негов распит и да им даде појаснување на одговорите.

– И ние бевме изненадени од неговиот исказ, но сепак искреноста е добредојдена, изјави Миланов, кој е бранител на Трајко Вељановски.