-->
-->
Милан нуди 40 милиони евра за Ренато Санчез
-->
Извршниот директор на Баерн Минхен, Карс Хајнц Румениге потврди дека Милан е заинтересиран за Ренато Санчез и дека двата клуба се во преговори, но сеуште немаат постигнато договор.
По ангажманот на Леонардо Бонучи, во тимот на Милан продолжува со активностите на фудбалскиот пазар. Италијанските медиуми објавија дека „росонерите“ испратиле официјална понуда до Баерн за Ренато Санчес.
Милан нуди 40 милиони евра плус 20 милиони евра бонуси за фудбалерот.
Младиот Португалец минатата сезона не се изнаигра во германскиот првак и затоа е можно да ја промени средината со цел да биде стандарден првотимец.
Неговиот менаџер најави дека ќе стори се да се оствари трансферот во Милан, но за разумна понуда, па сега останува да се види дали двата гиганти ќе успеат да постигнат договор
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата