Loading Video...
Фудбал
14. August 2022 - 10:29

Милан и Интер со победа ја започнаа новата сезона во Серија А

Екипите на Милан и Интер кои и годинава се очекува да бидат главните претенденти за Скудетото во италијанската Серија А, ја започнаа новата сезона со победи. 
 
Шампионот Милан на домашен терен славеше со 4-2 во дуелот против Удинезе за кој не настапи македонскиот интернационалец Илија Несторовски. 
 
Иако гостите со голот на Родриго уште во 2.минута поведоа со 0-1, сепак за само четири минути Милан направи пресврт и со погодоците на Хернандез и Ребиќ поведе со 2-1. До крајот на првиот дел Месина успеа да израмни на 2-2. Но, во второто полувреме следуваа головите на Диаз и повторно Ребиќ за конечна победа на „бјанко-нерите“ со 4-2. 
 
Интер пак потешко од очекуваното славеше на гостувањето кај Лече со 2-1, иако во 2.минута Лукаку донесе предност на гостите, а во 48-та Кеси израмни на 1-1. 
 
И кога сите очекуваа со тој резултат да заврши мечот, во петата минута од судиското дополнение Холанѓанецот, Дамфрис го постигна вториот гол за победа на Интер од 2-1.