Свет
20. March 2016 - 8:37

Микл-Лајтнер: Се уште не е решен проблемот со бегалците

Министерката за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл-Лајтнер истакнува дека по договорот на Европската унија со Турција, се уште не се решени проблемите со бегалците и дека сега се зависи од примената на договорот.

Во изјава за виенски Естерај, таа вели дека досега се донесени многу одлуки и оти е битна конкретната примена. Подготовките за воведување нови гранични контроли во Австрија се вршат и понатаму, изјави таа.

– Се уште не е завршено. Никој денес не може да каже колку е одржив договорот, а пред се тој се однесува само на балкатнската рута. Ако е потребно ќе ги прошириме контролите и на други премини, објасни Микл-Лајтнер.

Таа порача дека Анкара не смее да го погазува основните права во Турција, како што е слободата на медиумите, и за тоа ќе биде наградена со специјален третман за прашањето за визна либерализација.

Министерката истакна дека по договорот со Турција нејзините ставови за бегалската криза се потврдени.

– Пред половина година бевме критикувани кога реков дека мора да работиме на изградба на тврдина од Европа. Сега сите 28 држави членки тоа и го прават, и тоа е добро, констатираше таа.