Мијалков осуден на 8 години затвор за „Трезор“
Судот ги прогласи за виновни Сашо Мијалков и началниците Тони Јакимовски, Небојша Стајковиќ и Горан Грујевски кои одговараа за злоупотреба на службена положба и помагање во судскиот случај „Трезор".
Заработија затворски казни; Сашо Мијалков е осуден на 8 години затвор, Тони Јакимовски доби 5 години, Небојша Сајковиќ 5, и 15 години за Горан Грујевски кој е во бегство во Грција.
Случајот „Трезор" се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на шпиунски софтвер за потребите на УБК од фирма од Велика Британија.
Судијата Џенета Бегтовиќ во пресудата наведе дека од изведените докази во текот на судењето, се утврдило дека обвинетите имале средба во Велика Британија каде договориле набавка на софтверот за потребите на УБК, иако не бил објавен оглас за таа набавка.
Според пресудата, ќе се конфискуваат и 838.106 денари и 145.619 евра, од сметки на фирмата Финзи како и автомобил Ауди А4 вреден 2.026.285 денари.
Дополнително, обвинетите треба и да ја надоместат штетата од 21.158.296 денари.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-

Ново зголемување на цената на горивата
-

Трамп бара учество на НАТО во Ормускиот теснец
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
-

Деца со алергии ги полнат ординациите на педијатрите
-

Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
-

Преглед на вестите од светот
