Михајловиќ: Србија од 2000 година загубила речиси еден милион луѓе

Во изминатите 15 години Србија загубила речиси милион луѓе, кои се иселиле од државата.
- Тоа е најчесто поради лошата популациска политика, изјави денеска потпретседателката на Владата, Зорана Михајловиќ.
Таа порача дека на Србија и е потребно подобро управување со човечките ресурси.
- Од 2000 година од Србија си заминале околу 300.000 луѓе, а годишно во тој период сме губеле и околу 30.00 луѓе поради мал наталитет. Ако сето тоа го собереме се гледа дека сме загубиле речиси милион луѓе во изминатите 15 години, изјави таа на отворање на конференцијата Србија 2015 - човечки ресурси.
Таа вели дека моментната невработеност кај младите во Србија е 43 отсто.
Михајловиќ нагласи дека управувањето со интелектуални и човечки ресурси е многу поважно од управувањето со кој било друг вид ресурси и оти е потребно да се промени популациската политика и образовниот систем.
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Кирил Темков
-

Нетанјаху и Трамп вo понеделник ќе се сретнат во Флорида
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен
-

На Макрон му веруваат само една четвртина од Французите, најмалку од 2017 година
-

Мурињо не дозволува трансфер во Барселона
-

Српските студенти во блокада за утре најавија акција за собирање потписи - „Распиши победа“
-

Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида, онлајн ќе разговара и со европските лидери
-

Вучиќ разговарал со Орбан за енергетската безбедност, му се заблагодарил за поддршката на Србија
