Михајловиќ од Тирана: Отворен Балкан е важен и за заедничко решавање на енергетската криза

Вицепремиерката и министер за рударство и енергетика на Србија, Зорана Михајловиќ денеска во Тирана изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“ е важна и за Србија и за другите земји во регионот и дека секој што учествува во неа е свесен колку е важно заеднички да се поврзуваме и да ги решаваме проблемите, особено за време на енергетската криза, јави дописникот на МИА од Белград.
– Во Тирана денеска се министрите за енергетика и на Албанија и на Северна Македонија и ќе разговараме не само за тоа како се подготвуваме за зимата во оваа тешка енергетска криза и многу предизвикувачка година, туку и за тоа каде се можеме да работиме заедно и на кој начин би можеле да ги поврземе нашите енергетски пазари, а со тоа и енергетски да бидеме сите постабилни.
Мораме да разбереме дека не е доволно една земја во регионот да биде енергетски стабилна, многу е важно да има и солидарност и да се трудиме целиот регион да го направиме енергетски стабилен бидејќи тоа е важно и за економијата и за нашите граѓани. Сите три земји кои учествуваат во иницијативата Отворен Балкан имаат свои компаративни предности кои треба да ги искористиме за да како регион бидеме енергетски стабилни, рече Михаиловиќ пред почетокот на состанокот на Групата за ублажување на кризи во рамките на иницијативата Отворен Балкан, на кој учествува и делегацијата на Владата на Србија, соопштија од Министерството за рударство и енергетика.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
