Мигрантите - главен фокус на италијанското претседателство со ОБСЕ
Италијанскиот министер за надворешни работи Анџелино Алфано изјави дека главен приоритет на италијанското претседателство со ОБСЕ ќе биде состојбата во Средоземното Море, преку кое Италија се соочува со масовен прилив на африкански мигранти.
Алфано изјави дека во Средоземното Море се „игра партија карти која има глобални димензии и значење“.
- Мигрантската криза ќе беше нерешлива ако ние не преземевме одговорност и ако немаше меѓународна солидарност, изјави Алфано во Виена, каде ги промовираше приоритетите на италијанското претседателство со ОБСЕ.
Во врска со источноевропските конфликти, каде ОБСЕ игра важна набљудувачка улога, Алфано најави дека поранешниот италијански министер за надворешни работи Франко Фратини ќе биде пратеник за Придњестровје - североисточниот дел на Молдавија.
Во врска со Украина, Алфано најави дека ќе го посети регионот при крајот на јануари и ги повика Русија и Украина да работат на смирување на конфликтот во Донбас.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно