Мигранти пронајдени кај Демир Капија, возачот кој ги превезувал побегнал
Мигранти биле пронајдени синоќа кај Демир Капија, возачот кој ги превезувал побегнал. Ова го потврди денеска за МИА, Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
-Синоќа околу 23.20 часот кај Градско во правец кон Гевгелија, полициски службеници се обиделе да запрат патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, кое не застанало, туку ја зголемило брзината. Кај Прждевски надвозник удрило во службеното возило и запрело, а возачот избегал. Во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Индија, кои се префрлени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија, појасни Додевски.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициска станица Неготино и јавен обвинител, по чии насоки возилото е обезбедено.
-По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаде Додевски.
Ново на Сител
-
До крајот на денов сончево со мала локална облачност
-
Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија
-
Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз
-
„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина
-
Зеленски: Украина треба да ја зајакне противвоздушната одбрана за да ги заштити луѓето
-
Мицкоски: Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит за компаниите
-
Владата на Србија му го одзеде имунитетот на Горан Весиќ
-
Изборниот материјал во Албанија и на македонски јазик