Миење и дезинфекција на сите контејнери во Скопје
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје извршиле комплетно миење и дезинфекција на сите постоечки садови за исфрлање на отпадот поставени на територијата на градот Скопје.
Миењето и дезинфекцијата, како што информираа од ЈП, се вршело веднаш по празнењето на контејнерите, со употреба на специјално комунално возило надградено со резервоар во којшто се наоѓа вода и течност за дезинфекција.
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје спровеле и комплетно миење на микролокациите каде што се поставени контејнерите, со помош на автоцистерни.
Активностите, како што информираат од ЈП, ќе продолжат да се одвиваат континуирано со цел да се подобри хигиената на надземните и подземните контејнери, како и на самите јавни површини и воедно да се изврши превенција од можното ширење на заразни заболувања.
Ново на Сител
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор
-
ДУИ чека преговори за Влада - Џафери одбива да говори за опозиција