Мицотакис во следните денови ќе ги посети Самос, Хиос и Лезбос
Претседателот на Владата на Грција, Кирјакос Мицотсакис, во следните денови ќе ги посети Самос, Хиос и Лезбос, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, по неговата средба со претставници од локалната самоуправа од трите острови од северниот дел од Егејското Море, јави дописничката на МИА од Атина.
Средбата во премиерската палата поминала во конструктивна клима, а станало збор за сите отворени прашања, „со главна грижа – враќање на довербата“.
-Официјалните претставници на локалната самоуправа ја поздравуваат одлуката на владата за зајакнување на чувањето на границите и забрзување на процедурите за барањата за азил и на враќањата. Беше истакнато дека денешните неконтрилирани центри мора да бидат затворени и да се заменат со затворени центри, соопштуваат од кабинетот на Мицотакис.
На средбата, исто така било констатирано поклопување на ставовите околу потребата да се префрлат мигрантите и бегалците од острвите во другите делови од Грција, почнувајќи од оние кои веќе добиле азил и оние кои се во прифатните центри над 14 месеци.
Средбата во премиерската палата дојде по неколкудневните инциденти на Лезбос и Хиос меѓу полицијата и локалното население.
Жителите од островите се против изградбата на затворени центри за бегалци и мигранти.
Ново на Сител
-
Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода на пожарот на планината Плачковица | ВИДЕО
-
Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин
-
Најмалку 25 лица загинаа, а 280.000 останаа без покрив над главата од почетокот на обилните дождови на Филипините
-
Министерот Тошковски во посета на џудо тренинг сесија на полициските специјалци во Центарот за обука во Идризово
-
Трамп вели дека договорот со ЕУ има 50 отсто шанси, а договорот со Канада можеби нема да се случи
-
На Табановце се чека 40, а на Богородица 20 минути
-
Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка
-
Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019