-->
-->
Мицотакис во Берлин ќе се сретне со Меркел
-->
Привлекување директни странски инвестиции, презентација на претставувањето на владиниот план за реформи и развојните активности на Грција во текот за следната деценија (2020-2030) кои ќе се прошират меѓу другото и во секторите животна средина и енергетика, според грчки владини извори е целата на посетата на Кирјакос Мицотакис на Берлин и денешната средба со Ангела Меркел.Грчкиот премиер и германската канцеларка ќе разговараат и за прашањата што се однесуваат на сегашноста и иднината на Европа, како што се безбедноста и соработката во југоисточна Европа и улогата на Грција во соседството и ЕУ, а ќе стане збор и за конкретни теми како што се грчко – германските економски контакти, мигрантското прашање и односите со Турција.
Според истите извори посетата на Мицотакис на Берлин и средбата со Меркел ќе бидат првата страница од новото поглавје.
Премиерот на Грција ќе оствари средба и со заменикот канцелар и министер за финансии Олаф Шолц.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонија ја потпиша Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција
-

УХМР: Променливо време со дожд, грмежи и силен ветер во наредните денови
-

Заразени патници од смртоносниот хантавирус на крузер пристигнуваат во Европа
-

Започна „Генералка викенд“: Илјадници волонтери чистат низ цела Македонија
-

Почина новинарката на МИА Ирена Радовановиќ
-

Поради повисоките трошоци, сè повеќе сопственици на возила го одложуваат сервисот за поправки
-

Обединетите Арапски Емирати соопштија дека утрово пресретнале ирански ракети и дронови
-

Рубио најави нови санкции против Куба и кубанскиот воено-индустриски сектор
