Мицотакис: Стратешки избор на Грција беше и останува ЕУ перспектива на Западен Балкан
Поддршката на Грција за европската перспектива на регионот, како и подготвеност на земјата да обезбеди помош на границата со Македонија и Албанија во рамките на зелениот коридор за непречен проток на добра, изразил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на Самитот на Берлинската иницијатива за Западен Балкан, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис во неговот излагање, како што информираат од неговиот кабинет, ја соопштил подготвеноста на Грција да помогне во проширувањето на иницијативата за зелени коридори, со цел непречена дистрибуција на неопходните добра меѓу Западен Балкан и ЕУ, со обезбедување помош на границите со Македонија и Албанија.
Грчкиот премиер, повторил дека „стратешкиот избор на Грција беше и останува европската перспектива на Западен Балкан, под познатите услови“.
Паралелно, ја истакнал и важност што Грција ја придава на Берлинскиот процес, кој суштински придонесува за општествено-економски развој и приближување на народите од регионот, како и за забрзување на интегративниот тек на Западен Балкан.
На состанокот, Мицотакис и останатите лидери од Берлинскиот процес, размениле мислења за актуелната ситуација и за регионалната соработка на Западен Балкан.
На Самитот учествуваше и премиерот на Македонија Зоран Заев.
Ново на Сител
-
„Ел Гол Дигитал“: Голем број ѕвезди на Реал се изјаснија за оставка на Анчелоти
-
Голема акција: Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми
-
Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа
-
МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Сеизмолошка опсерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен
-
Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите
-
Млад манијак осомничен за полов напад на две девојки во Битола