Балкан
4. February 2019 - 16:28

Мицотакис се закани со блокада на преговорите со ЕУ

Лидерот на Нова демократија Мицотакис се закани дека ке го искористи правото на вето за македонските евроинтеграции. Говорејки на партиски настан, тој  порача дека ке ги искористи сите правни и дипломатски средства за да ги ублажи, како што истакна, штетните последиците на прспанскиот договор. 

За земјата да влезе во Европската унија постојат 35 поглавја, за кои е потребно одобрение, да се отворат и да се затворат. Овие 35 поглавја мора да се завршат за да се интегрира Скопје во Европската Унија.  Но. тие ниту ќе се отворат, ниту ќе се затворат, ако претходно не се задоволат позициите на Грција.

Мицотакис го повтори ставот  дека догворот од Преспа е штетен бидејки во него  се  признава македонскиот  јазик и идентитет на соседната земја. Според него, допрва во пракса ке се покаже дека спогодбата ке продуцира иредентизам..

Трговските ознаки за производите од Северна Грција, стотиците бизниси кои го  користат терминот Македонија во нивните производи, се незаштитени. Што ќе се случи со нашите учебници? Очигледно е дека договорот во пракса го отстапува македонскиот идентитет и јазик  на еден народ кој ке добие право да се  нарекува македонски и во исто време се одредува држава која ке биде населена со Македонци. Дури и формалниот термин „Северна Македонија“ ќе се отстрани, бидејќи никаде не се споменува ниту  „северномакедонски“ народ ниту пак  „северномакедонски“ јазик и култура.

Според анкетите на јавноото мислење , Мицотакис е фаворит за  иден премиер на Грциа и неговите закани би требало да се сфатат сериозно. Сепак во преспанскиот догвор се предвидува постепена примена на преспанскиот догворо за внатрешна употреба која би одела паралено со отворањето на поглавјата во преговарачкиот процес со Унијата.