Мицотакис: Преспанскиот договор е “екстремно проблематичен“ за Грција
Лидерот на грчката опозициска Нова Демократија, Киријакос Мицотакис, во интервју за белгискиот весник “Ле Соар“ вели дека доколку неговата партија дојде на власт во Грција ќе се бори за “ублажување“ на последиците од Преспанскиот договор, кој го смета за штетен за неговата земја, јави дописничката на МИА од Брисел.
Лидерот на најголемата грчка опозициска партија смета дека договорот со Северна Македонија е “екстремно проблематичен за Грција“ затоа што “меѓу другото тој признава македонски јазик и македонска националност“.
-Со тоа се потхранува иредентизмот и национализмот во чувствителниот балкански регион, објаснува Мицотакис во интервјуто.
Поради тоа, вели шефот на Нова Демократија, “тој е проблематичен и токму поради тоа во Нова Демократија сметаме дека е многу лош договор за Грција“ и додава дека “огромното мнозинство Грци се против“ договорот.
-Ќе се бориме мирно и одговорно за да ги ублажиме последиците, кои се сериозно негативни, од овој договор и да ја заштитиме нашата земја од опасности кои ги носи, затоа и нема да се откажеме од нашето право на вето за пристапувањето на соседната држава во Европската Унија, вели Мицотакис на прашање за неговиот став за договорот со кој се реши долгогодишниот спор меѓу двете земји.
Шефот на Нова Демократија е уверен дека со Манфред Вебер на чело на идната Европска Комисија ќе се покаже поголема флексибилност кон Грција, но признава дека единствена точка на несогласување со кандидатот за претседател на европската десница се преговорите за членство во ЕУ со Турција. Мицотакис смета дека не треба да се стави крај на процесот со Анкара, додека Вебер смета дека треба да се прекинат преговорите со оваа земја.
Ново на Сител
-
Алармантна состојбата со булинг во основните училишта
-
За една година, над 110 сообраќајки на истокот со повеќе од 170 повредни
-
Преглед на вестите од светот
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот