Мицотакис: Патот на Скопје и Тирана кон Европа поминува и низ Грција
Нашиот глас на изборите станува порака до нашите северни соседи. Нивниот пат кон Европа минува и низ нашата земја, преку почитување на меѓународниот легитимитет, на владеењето на правото, на Договорите. Нешто што се однесува како на Скопје, така и на Тирана, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Солун, за време на предизборниот митинг во пресрет на евроизборите, јави дописничката на МИА од Атина.
Доновиве кулминира предизборната кампања во Грција за европските избори што ќе се одржат в недела, Мицотакис вчера говореше на митингот на Нова демократија во Солун, а утре ќе го одржи последниот собир, традиционално во центарот на Атина.
Паралелно со митинзите, грчкиот премиер предизборните пораки до граѓаните ги испраќа и преку интервјуата, а последното беше вчера за телевизијата „Антена“.
Мицотакис, меѓу другото, уште еднаш побара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кога официјално ќе стане премиер, да даде категорична изјава, дека го почитува Договорот од Преспа во кој „основното достигнување е едно име за сите, ерга омнес“.
-Во спротивно, единственото нешто што ќе може да го постигне е да има едно многу непријатно прво искуство, кога сите заедно ќе се сретнеме во Вашингтон, на 75-годишнината од НАТО, на почетокот на јули, додаде Мицотакис и уште еднаш повтори дека и на НАТО Самитот ќе го покрене конкретното прашање.
На прашањето дали е на маса можноста Грција да им го блокира патот на Скопје и Тирана кон Европската унија, Мицотакис изрази оптимизам дека нема да биде потребно тоа, бидејќи, како што рече сигурен е дека „на крајот ќе надвладее логиката“.
Ново на Сител
-
Спречени обиди за криумчарење облека, парфеми и суплементи за миленици
-
Клебо: Сè уште не можам да верувам дека е реално тоа што го направив на СП
-
Ф1: Новата патека во Мадрид ќе го носи името „Мадринг“
-
Норвешката репрезентација во скијачки скокови го загуби спонзорот по манипулација со опремата
-
Одбиена жалбата на Форест на казната за критикување на ВАР судии
-
На Скопје Опен Рамус Г1 2025 најавени 1.000 таеквондисти од целиот свет
-
Во Велешко во вторник и среда АХВ ќе спроведе симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите
-
Канадска пивара продава пакување од 1.461 лименка за да се „преживее мандатот на Трамп“