Мицотакис на првата седница на новата грчка Влада ќе ги претстави приоритетите
Новиот грчки премиер, Кирјакос Мицотакис денеска ќе ја одржи првата владина седница, а на членовите на неговиот кабинет ќе им ги претстави приоритетите и ќе презентира нов модел на управување, брифираат грчки владини извори, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите извори, секој министер денес ќе добие коверт со шестмесечен план за областа за која што е одговорен. Ќе бидат детално објаснети конкретните цели што секое министерство ќе треба да ги постигне до декември и начинот на кој ќе се оценува владина активност.
На министрите и на замениците ќе им биде забрането вработување на роднини од прв и втор степен, а забрана за склучување на било каков договор со државата ќе имаат сопругите/сопрузите, како и децата на владините функционери.
На сите членови на владата: министри, заменици, генерални и специјални секретари ќе им се забрани секаква паралелна професионална или бизнис активност.
Генералните секретари во министерствата од 93 ќе се намалат на 60.
Првата владина седница ќе се одржи денес во грчкиот Парламент, во 11 часот по локално време.
Ново на Сител
-
Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „Што е можно поскоро“
-
Започна протестниот марш „Правда за Фросина“ кои го предводат нејзините родителите
-
22-годишна девојка од Скопје удрена од таксист
-
Шекеринска: Никогаш за никого не сум ургирала
-
Сестрата на Фросина: Бараме одговорност од таткото на возачот и судијката
-
Колумбискиот претседател го нарече Трамп „фашист“ и го спореди со Хитлер
-
Во тек е голема полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари
-
Четиригодишното дете од Струга што почина имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри