Мицотакис: Грција најкатегорично ја осудува одлуката на Турција да ја претвори Света Софија во џамија
Грција на најкатегоричен начин ја осудува одлуката на Турција да ја претвори Света Софија во џамија, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а со реакции излегоа и претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, но и останатите опозициски партии во земјата, јави дописничката.
Мицотакис, освен што изразува осуда од грчка страна, вели дека оваа одлука влијае на односите на Турција не само со Грција, туку и со ЕУ, со УНЕСКО и со светската заедница во целост.
– Оваа одлука и секако 85 години по прогласувањето за музеј, го навредува екуменскиот карактер. Станува збор за избор што ги навредува сите оние кои го признаваат споменикот, како дел од светското културно наследство и секако влијае, не само на односите на Турција со Грција, туку и на нејзините односи со Европската Унија, со УНЕСКО и со светската заедница во целост. Жално е што турското раководство, кое во 2005 година работеше за Алијанса на цивилизациите, денес одбира да се движи во комплетно спротивна насока, истакнува грчкиот премиер.
Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу вели дека Света Софија е споменик со екуменски карактер, кој „припаѓа на човештвото и на светското културно наследство“ и е „симбол е на православието и на целиот христијански свет“.
– Одлуката на Турција да ја претвори Света Софија во џамија директно го навредува нашето историско сеќавање, непоправливо ги поткопува вредностите на толеранцијата и меѓуверскиот дијалог и предизвикува сериозна штета на нејзините односи со Грција, Европската унија и меѓународната заедница, истакна Сакеларопулу.
Ново на Сител
-
Берлин е домаќин на разговори на европски министри за одбрана
-
Молика стара 250 години и стотина стебла стари над 200 години искрши ветерот на Пелистер
-
Два пиштоли и 30 куршуми одземени од 30 годишник од кумановско
-
Српскиот премиер тврди дека сите што се виновни за падот на настрешницата ќе бидат кривично гонети
-
Вардар подобар од Алкалоид во дербито на ракометната Суперлига
-
Слот израмни рекорд во Премиер лигата
-
Скопје 10-ти најзагаден град во светот и втор во Европа
-
Министерот Муцунски ќе учествува на конференцијата „Медитерански дијалог“ во Рим