Мицотакис: Грчкиот народ да одлучи за Договорот од Преспа пред да дојде во Парламентот
Цврстите ставови на Нова демократија дека со Договорот од Преспа се отстапуваат македонска националност и македонски јазик, но и дека треба што поскоро да се распишат избори за да одлучи грчкиот народ, ги повтори лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во разговор со членови на партијата, при посетата на грчкиот остров Самос.
- Избор на владата е да го потпише Договорот од Преспа, договор кој за првпат на соседната земја ѝ го отстапува македонскиот јазик и македонската националност. Ние, овој договор нема да го ратификуваме, ниту сега, ниту ако го најдеме пред нас во следниот Парламент, повторува Мицотакис
Претседателот на Нова демократија уште еднаш ја обвини владата дека во внатрешноста има различни позиции, со еден став е шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, со друг став министерот за одбрана Панос Каменос и затоа порача дека потребно е „за прашањето со Договорот од Преспа, да одлучи грчкиот народ, пред да дојде за ратификација во парламентот“, јави дописничката на МИА од Атина,.
- Додека и двајцата заедно уште неколку месеци се приковани за фотелјите, искористувајќи го наводното внатрешно несогласување, за да добијат уште малку време во власта, на земјата ѝ прават голема штета. Затоа и ние ќе инсистираме: избори колку е можно поскоро. Колку поскоро си оди владата, толку подобро е за земјата. А за прашањето со Договорот од Преспа, нека одлучи грчкиот народ. Пред договорот да дојде за ратификација во Парламентот, порача од грчкиот остров Самос, претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.
Ново на Сител
-
Пoглаварите на МПЦ и СПЦ и високи гости од Србија, Р. Српска и Црна Гора на Светославска академија во Скопје
-
Светосавска академија во МНТ, патријархот Порфириј меѓу гостите во Скопје
-
Тема на денот со Иван Стоилковиќ, вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците
-
Побарано изземање на обвинителката во случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Филипче обвинува за политичка хајка против него за скандалот на онкологија - Мизрахи тврди дека тој се правдал
-
Без мотор и со делови од други возила - министерското БМВ на Груби пронајдено во сервис во Куманово
-
Борците од НОБ бараат Касами да не ги менува имињата на улиците
-
Во Струмица активиран алармот за загадениот воздух, ПМ 10 честичките пак го надминаа критичниот праг