Мицотакис: До март ќе бидат вакцинирани околу два милиона граѓани
Во првиот квартал, до крајот на март ќе имаме околу четири милиони дози, па така ќе можеме да имаме вакцинирано околу два милиона наши сограѓани, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Антена“.
Мицотакис објасни дека од март и април, во земјата ќе започне масовната вакцинација, а веќе следниот месец во Солун и Атина ќе се формираат четири големи центри за вакцинација во кои ќе може да се вакцинираат и до 20.000 лица дневно.
Истакна дека Грција веќе има купено 25 милиони дози, со можност да се вакцинираат околу 15 милиони граѓани, односно двојно повеќе од она што ѝ е потребно на земјата.
-Сакам да го уверам грчкиот народ дека имаме доволно вакцини. Особено по април, ќе имаме многу поголема понуда на вакцини во споредба со побарувачката на вакцини што ќе постои, истакна Мицотакис
За актуелната ситуација со пандемијата во Грција, грчкиот премиер рече дека успеале да го ограничат вториот бран, кој полека се повлекува, а тоа, според Мицотакис го покажуваат и податоците. Од над 600 пациенти приклучени на апарати на почетокот на декември, сега се намалени на под 350 лица.
Од почетокот на пандемијата во Грција се регистрирани 146.020 случаи на Ковид-19, а починаа 5.329 лица.
Од 27 декември 2020 година, заклучно со вчера попладне, биле вакцинирани 55.988 лица.
Ново на Сител
-
Дали постои опасност од ширење на корона вирусот од домашни животни и миленици на луѓе?
-
Љупчо Димовски нов лидер на СПМ
-
Тема на денот со министерот Филипче: Кога Македонија ќе добие вакцини за Ковид-19?
-
Во ек на пандемија затворени над 6.000 фирми во Македонија
-
Армин Лашет нов лидер на германските демохристијани
-
Србија почнува масовна вакцинација со кинеската вакцина, како тече процесот во останатите земји во светот?
-
Опозицијата обвинува: Додека цел свет се вакцинира, Македонија е жртва на лагите на Заев и Филипче
-
Американски научник за ивермектинот: Тоа е чудесен лек