Мицковски: Зоната Сачево е празна, без фабрики и вработувања
Денес сме во Општина Струмица, каде што ќе го почнам материјалот „Ветено, неисполнето“ на Зоран Заев и СДСМ. Овдека се наоѓаме пред зоната Сачево, која што беше ветена од страна на Зоран Заев пред многу години дека ќе бидат изградени 16 фабрики и дека ќе вработат до 2.500 граѓани, жители во Општина Струмица, но и од околните општини кои што гравитираат околу општината Струмица.
Како што можете да видете години потоа оваа зона е празна, нити една фабрика немаме, ниту едно ново вработување. Ова треба да биде пример за граѓаните на Република Македонија како не треба да се даде довербата на политичари кои што само ветуваат, а ништо не исполнуваат. Политичари кои што многу зборуваат и додека зборуваат лажат.
Така што ние денеска ќе ја продолжиме нашата посета во Струмица, ќе имаме можност да поразговараме со жителите од Општина Струмица но и со околните општини кои што гравитираат на Општина Струмица.
Бидејќи од она што можеме да го видиме е дека Република Македонија денеска и во секојдневие граѓаните живеат лошо. Граѓаните се жалат на лошата економска ситуација. Луѓето можат да ги посочат сите нереализирани ветувања, сите неисполнети очекувања од страна на т.н. понуда „Живот за Македонија“ која што беше презентирана пред граѓаните на Република Македонија пред нецели две години. А, наместо живот за возврат добија пекол.
Но она што денеска гледаме било и да не се повтори во Република Македонија. Доаѓаат претседателски избори во кои што ВМРО-ДПМНЕ очекува една голема победа, изјави Христијан Мицковски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија