Мицковски за Прочка: Нека спокојот и мирот владеат во секој наш дом
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски упати честитка по повод денешниот празник Велики Поклади-Прочка до поглаварот на Македонската Православна Црква–Охридска Архиепископија, архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Во честитката, Мицковски вели дека признавањето на слабостите и барањето прочка за нив, го прават човекот посилен за да се спротивстави на сите предизвици и премрежија.
- Нека спокојот и мирот владеат во секој наш дом, а трпението и богоугодните мисли ни дадат божја мудрост како да ги пребродиме мрачните времиња кои му се закануваат на секој од нас и на нашата Татковина Македонија. Да си подадеме рака, брат на брат, сосед, пријател и ближен и да се сплотиме да си ги простиме грешките и од нив да изнесеме поука зошто само така ќе покажеме дека светоста на љубовта кон својата Татковина Македонија секогаш може да го победи мракот, се вели во честитката.
Ново на Сител
-
Полагање на државна матура 2025 година - Смислија ли надлежните нови механизми за да се спречи препишувањето?
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Избори во Германија
-
Бајовски: Радиоактивниот фон на зрачење во РЕК Битола не е многу поголем од природниот
-
Таравари во обид за договор со ВРЕДИ
-
ДУИ: Сиљановска го поткопува мултиетничкиот карактер на државата
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група