Мицковски се сретна Делегацијата на групата на Европската народна партија во ЕП
Вчера, (22.03.2018) Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски, остварија средба со Делегацијата на Групата на Европската народна партија во Европскиот Парламент составена од Европратеници Андреј Ковачев, Алјоз Петерле и Туне Келам.
На средбата со Европарламентарците Мицкоски ги нагласи стратешките заложби на ВМРО-ДПМНЕ за побрза интеграција на Република Македонија во Европската унија. Во тој контекст, Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да дава импулс во реформските процес насочени кон реализацијата на таа стратешка цел.
Мицкоски ги информираше соговорниците за актуелната политичка состојба во Република Македонија, пришто нагласи дека веќе подолг период се спроведува терор врз поединци заради различен политички став, но и врз целокупниот политички систем преку игонрирање на уставни, законски и деловнички норми во работењето како на законодавната, така и на извршната власт.
Соговорниците дискутираа и за одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Европската народна партија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Си: Нема победници во трговската војна
-
Пронајдени рачни бомби во село Боговиње
-
Почна судењето за претседателот на Јужна Кореја Јун Сук-Јеол, обвинет за велепредавство
-
Продолжува судењето за случајот со родилката на која при пораѓај и беа извадени матка, јајник и бубрег
-
Без вода дел од улица „Ленинова“
-
Со истрагата за пожарот во Кочани опфатени 45 лица
-
Со сведочење на Љупчо Палевски продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Трамп: Мислам дека Русија по грешка го гранатираше центарот на градот Суми