Мицковски побара оставки на министри и тв дуел со Заев

Оставки на министри, намалување на даноците, гасификација на Македонија како и предновогодишен телевизиски дуел со премиерот Зоран Заев вечерва на митингот пред Владата на РМ побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
– Веднаш оставка на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поради мафијашките пресметки и криминалот како и поради претресите во домовите на оние што протестираат со ВМРО-ДПМНЕ. Оставка на министерот за надворешни работи Никола Димитров поради националните омаловажувања на нашиот народ и заради тоа што не нарече искомплексирана нација, побара Мицкоски.
Тој, како и на минатите протести го повика претседателот на Владата Заев на тв дуел на, како што рече, која било телевизија, односно на која тој сака.
Мицкоски во својот говор обвини дека Заев ги излажал докторите за зголемување на платите, како и на матичните лекари или на стоматолозите оти ќе им ја зголемена капитација.
Според него младите секој ден ја напуштаат Македонија затоа што се чувствуваат излажани, бидејќи, како што рече, им ветуваа работа и студенски град.
– Со криминалците во Владата што СДСМ ги именуваше нема во Европа. Мора да сме чесни за да влеземе таму, рече Мицкоски.
Тој обвини дека ги нема ветените реформи во судството и дека според корупцијата сме биле како африканска земја, а не европска.
Мицкоски рече дека во Македонија се е црно и дека со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ ќе се роди зора.
Ново на Сител
-

Трамп: Иранците одиграа мала игра, но многу добри разговори се во тек
-

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани
-

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
