Мицкоски за „Онкологија“: Одговорните требало да знаат што се случува, а не знаеле, некој правел криминал на сметка на смртта на луѓето
„Од тоа што сум информиран работата би требало некаде да кулминира кон крајот на следната недела, во петок. Од тоа што сум информиран од пратеничката Рашела Мизрахи. Имавме утрово разговор подолг на таа тема. Од она што можам накратко да заклучам дека одговорните требало да знаат што се случува, а не знаеле“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од населено место Орман при одговарање на новинарско прашање за случајот „Онкологија“.
Мицкоски додаде дека пациентите требало да добијат соодветна терапија, а не ја добиле.
„Некој ги прекршил законите и овластувањата. Некој правел криминал на сметка на смртта на луѓето. Тоа кое што требало МВР да го истражи изминативе години. Овој скандал почнува од 2019-тата година. И не само што не го истражува, туку се обидува и да го заташка“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека некој свесно или несвесно системот за контрола го прекинал.
„Има многу, многу непрецизности, недоследности, многу основани сомневања за криминал, многу основани сомневања за прекршени овластувања. И ценам дека резултатот од сето ова ќе биде навистина поразителен, нечовечки, нехуман. И ако оваа Влада не се зафати со озбилна одговорност, тогаш јас ви ветувам дека следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе темелно, бидејќи сега веќе имаме сериозни индиции и докази за тоа што се случувало, темелна истрага и тука ,мора да има одговорност“, потенцира Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари