Македонија
11. November 2021 - 13:23

Мицкоски за Кастриот Реџепи: Современиот Амди Бајрам, нека му е лесна земјата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека Кастриот Реџепи е современиот Амди Бајрам како коментар за неговото пишманење бидејќи донесе одлука да не гласа на денешната седница за доверба на Влада.

Мицкоски, при доаѓање во Собранието пред новинарите изјави дека Кастриот Реџепи е современиот Амди Бајрам. Потоа, додаде: „Нека му е лесна земјата“ (за Бајрам).

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека доаѓа од факултет каде имал предавања и рече дека сѐ уште не ги знае сите детали поврзани со седницата.