Мицкоски за ФАЦ: Груевски и владата имаат „матен дил“
Груевски се наоѓа во тајна комуникација со владата, тврди претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг".
Мицкоски, како што пренесува Дојче Веле, наведува дека „за да издејствува уставни измени, владата подготвува валкани дилови“.
Според Мицкоски, Владата верува дека може да ја подели опозициската партија, но, како што истакнува, тоа нема да успее.
-Направивме сѐ за нашата европска перспектива. Но, нам ни се поставуваат постојано нови барања, вели Мицкоски и посочува дека доколку не биде прифатен неговиот предлог за одложена примена на уставните измени, тогаш ќе нема никакви промени на Уставот.
Повторува дека немаат ништо против Бугарите да бидат споменати во Преамбулата на нашиот Устав и прашува „кој ни гарантира дека тоа е последното барање од Бугарија?“.
Според Мицкоски, бугарските барања се многу поекстремни од грчките.
-Вакви нешта не бараат само десно радикалните Бугари. Помислата на Северна Македонија да ѝ се постават идентитетско политички прописи стигнува дури до средината на бугарското општество. Крајно бугарските барања до Северна Македонија се поекстремни отколку што беа грчките било кога. Бугарската политика оди дури дотаму Македонците да треба да го негираат нивниот идентитет, вели Мицкоски.
Ново на Сител
-
Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата
-
Ретки минерали, електрични возила и коњак: Кина и ЕУ близу до компромис
-
Трамп го предупреди Маск: Финансирањето на демократи ќе има сериозни последици
-
Сончево и многу топло, до 38 степени
-
Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери
-
„Куќи на ужасот“ – евакуирани 75 стари лица од нелегални домови во Бугарија
-
Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца