Мицкоски: Времето на криминалците во политиката заврши, сега е време на чесни политичари
Премиерот Христјан Мицкоски денеска порача дека времето на криминалците во политиката заврши, и дека сега е време на чесни политичари кои ќе работат за својот народ и за татковината, а граѓаните ќе имаат можност да пријавуваат девијантно однесување на поединци без оглед дали се тие на ниво на локалната или од централната власт.
- Гледам поедини центри на влијание како се возмемирени, а вознемирени се затоа што ова е стартен ден, јавна набавка која што ја водела претходната Влада на СДСМ и ДУИ. Јас одлучив со јавност да се борам против криминалот и корупцијата и затоа ја дадов таа изјава и тоа е порака дека времето на криминалците во политиката заврши, дека е време на чесни политичари луѓе кои што си го љубат својот народ, татковина и ќе работат за интересите на своите сограѓани и својата татковина, изјави Мицкоски во Македонска Каменица одговарајќи на новинарско прашање за вчерашната негова изјава за обидот за поткуп за Коридорот 8 и информации од Обвинителството дека до нив се уште нема поднесено пријава.
Тој потсети дека пред неколку дена во интервју за една телевизија кажа дека ќе се формира специјален тим во рамки на неговиот кабинет и ќе има отворена линија на која граѓаните ќе можат да пријавуваат девијантно однесување на административци и политичари без разлика дали се тие од локално или државно ниво.
-Мораме да се бориме против криминалот и корупцијата тие се во пандемиски размери кај нас. И тоа е основ цел на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Додека јас сум премиер место за криминалци во политиката ќе нема и затоа на секој еден именуван и избран функционер од редот на ВМРО-ДПМНЕ му исрпаќам една порака, а тоа е да го чуваш твојот образ, така ќе го чуваш и мојот и на организацијата. И така работиме и досега, така ќе продолжиме и во иднина. А секој оној кој што ќе се заборави и кој што мисли дека во политиката треба да ужива, а не да биде слуга на граѓаните без разлика од која структура доаѓа, ќе биде казнет, а доколку биде тоа злоупотребено, да има криминал тогаш ќе биде изведен и пред лицето на правдата, вели премиерот Мицкоски.
Тој денеска за големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица ги посети општините Пробиштип по повод Денот на рудари и ден на градот, и Македонска Каменица од каде потоа ќе ја посети и општина Берово.
Ново на Сител
-
Од утре претежно облачно со врнежи од дожд и снег
-
Русија врати седум украински деца со посредство на Катар
-
Ем земале социјална помош ем воделе луксузен живот, брачен пар од Штип организирал интернет коцкање
-
Криминална организација во Грција преку телефонски измами се стекнала со речиси три милиони евра
-
Пронајдени пушки и муниција во Десово
-
22-годишна девојка прегазена вчера во Скопје
-
Во делови од Сеул паднаа над 40 сантиметри снег, откажани повеќе од 140 летови
-
Операција „Адмирал“: Разоткриена измама со ДДВ од 2,9 милијарди евра