Македонија
5. јуни 2024 - 14:50

Мицкоски: Во секоја моја изјава ќе користам Македонија

Мое човеково право е правото на слобода на изразување и говор. За мене мојата татковина во секоја моја изјава е Македонија и ќе остане Македонија,“ вели Мицкоски на прашањето за реакциите во Грција во однос на именувањето на нашата земја.

„Претпоставувам хистеријата кај јужниот сосед е поради изборите, не очекувам талибански однос. Се што е содржано во Преспанскиот договор и е дел од нашиот правен систем и уставен поредок, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ тоа и ќе го почитува. Решенијата со пратениците ги добивме со новата придавка. И предлог законот е со придавката вклучена во него. Но мое човеково право загарантирано со многу конвенции е правото на слобода и изразување и говор. Не им се лутам на политичарите кога не го кажуваат целото и потполно име на државата, туку само крајот или дел од тоа име. За мене мојата татковина во секоја моја изјава е Македонија и ќе остане Македонија,“ вели Мицкоски.

Идниот мандатар на новинарско прашање како реагира на тоа што грчкиот премиер Мицотакис најавил дека ова прашање ќе го покрене на престојниот сами на НАТО, рече дека „нема да се однесува талибански“.

„ Ако се отвори тоа прашање, мојата порака ќе биде дека јас би сакал да градам мостови на соработка со соседите. Јас нема да се однесувам талибански, а не очекувам талибанско однесување од кој било политичар. Ако дебатираме, тогаш да отвориме дебата кој колку реализирал од Преспанскиот договор. Македонија и народот се мирољубиви и гостопримливи. Така се однесувале, очекувам така да се однесуваат и нашите соседи – да соработуваме и негуваме добрососедски односи, порача Мицкоски.