Мицкоски во посета на Неготино
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните на Неготино.
На средбата тој посочи дека денес на дело граѓаните го видеа Заевизмот, со сета своја бруталност и неправда, бруталност и неправда нанесена на луѓето од 27 април. Целта на ваквото брутално погазување на правото е внесувањето на страв, што впрочем е уште еден доказ дека власта е во паника и очај, вели тој.
Мицкоски истакна дека судството и обвинителството го испорачаа она што беше побарано од нив да се испорача, а нарачателот на политички монтираниот случај е во зградата на Владата од каде ги диктира пресудите. Македонија е држава во која правото е погазено, затворските казни долги 2 века во ниеден случај не можат да донесат правда, туку уште поголема поделеност во општеството за која директен виновник е Заевизмот, додаде тој.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека драконските казни нема да ги смират страстите во редовите на СДСМ, ниту пак дека власта на овој начин ќе демонстрира моќ, туку напротив со ова ја покажуваат својата немоќ и страв бидејќи ја губат власта пред своите очи.
211 години затвор за оние кои од патриотски побуди биле учесници во настаните од 27-ми април и за полициските службеници кои биле единствените кои реагирале тој ден , Мицкоски ги нарече со еден збор, неправда.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ им предочи на граѓаните дека се наоѓаме на клучната крстосница и дека мораме да се избориме за правда, иднината на државата е во рацете на народот. Излезот од ваквата состојба вели Мицкоски, е во победата на претседателските избори кои се неповторлива шанса за пораз на заевизмот. Победа на правдата, победа на Гордана Силјановска Давкова и потоа победа на предвремените парламентарни избори.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега
-
Им се заканувале по живот на сопружници за да добијат 10.000 евра - тројца скопјани осомничени за изнуда
-
Наташа Беквалац ми беше како мајка! | Луна Бејков | Sitel Podcast 080
-
Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид
-
Реал Мадрид одби средба со раководството на судиите
-
Опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност
-
Пронајдени телата на сите 67 жртви од авионската несреќа во Вашингтон
-
Аргентина ќе го следи американскиот пример и ќе ја напушти СЗО