Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори излегува со сосем нов тим
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во Дневникот на ТВ Сител рече дека ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори излегува со сосема нов тим којшто е еден нов бран на политичката сцена.
- Навистина бев вчудоневден кога ја слушнав изјавата на прес конференцијата на СДСМ во којашто самите тие признаваат дека се ова нови луѓе. Јас им благодарам за тоа што тогаш они го кажаа и навистина можам да потврдам дека овој тим на ВМРО-ДПМНЕ спореден со оној стар, контаминиран и неспособен тим на градоначалници на СДСМ којшто го повторија би рекол има навистина многу предности, нова визија, нова енергија, нов мотив, нова стратегија и затоа ние ја бараме довербата од граѓаните не затоа што СДСМ вели дека се млади луѓе туку тоа се луѓе кои се енергични, кои имаат визија и кои сакаат да победат но и да покажат во општини каде што ќе бидат избрани дека можело поинаку. Во духот на ова ние ги градиме новите коалиции. Таква една коалиција градиме со сите политички партии и можам да потврдам, односно во завршна фаза се преговорите со албанските опозициски партии да на овие избори уште во првиот круг во определени општини настапиме заеднички во една колација која ќе ја победи неспособноста, срамот, понижувањето, криминалот, корупцијата, пљачката на граѓаните, бидејќи солзите и на мајката Македонка, на мајката Албанка, Турчинка, Влаинка, Србинка, Ромка подеднакво болат кога се простува од своето дете кое поради тоа што не добило шанса во својата држава одлучуваат да ја напуштат Македонија, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари
-
Уапсен Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата
-
Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари
-
Околу двесте лица вакцинирани од утрото во поликлиника „Бит Пазар“
-
Трамп за Волстрит Журнал: На Путин му реков дека ќе го гаѓам центарот на Москва доколку ја нападне Украина
-
Неизвесен за натпреварот со Порто - Борозан нападнат од кучиња скитници
-
Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка
-
Намалување на цените на горивата